Шпанскиот фудбалски гигант Барселона конечно забележа убедлива победа откако го овлада Леванте 3-0.
Барселона денеска дојде до лесен триумф над Леванте. Енис Барди поради повреда не беше во тимот на гостите.Барса тргна фуриозно, во шестата минута Депај даде гол за водство од 1-0, а само осум минути подоцна Лук де Јонг постигна гол за 2-0.
Овој резултат долго беше актуелен. Во 81. минута Ансу Фати доби шанса, големиот талент кој цела година беше надвор од теренот поради повреда. На Фати му требаа само десет минути да се запише во листата на стрелците, постигна гол и ги постави конечните 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.