Како што пренесува француски „Л’Екип“, сагата околу трансферот на Антоан Гризман во Барселона е пред својот крај. Тоа за што се шпекулираше во изминатите неколку месеци деновиве ќе добие официјална потврда, Гризман ќе стане нов фудбалер на Барселона.
„Л’Екип“ пренесува дека Барселона синоќа уплатила 120 милиони евра на сметка на Атлетико Мадрид колку што изнесува откупната клаузула на Французинот.
Гризман неодамна изјави дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, а францускиот напаѓач одбил да ги започне подготовките со „јорганџиите“ минатиот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.