Лео Меси ќе потпише договорот на пет години со Барселона и се очекува информацијата официјално да биде потврдена наредните дернови, пренесува шпанскиот спотски весник “Спорт“.

Според новиот договор, откупната клаузула за Аргентинецот ќе изнесува 600 милиони евра.

Аргентинецот се согласил на помала плата за 50 посто со што договорот би можел да ги помине сите правила на Ла Лига, но би требало преку бонуси да добие компензација.

Според првичните информации договорот изнесувал 48 милиони евра годишно.

Исто така и Барселона не е во идеална финансиска ситуација, со што Меси би требало да послужи како пример за останатите играчи.

Офцијална потврда за овие вести се очекуваат до крај на неделата бидејќи се чека адвокати да ги подготват деталите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.