Шпанскиот печат ги пресмета загубите на Барселона поради пандемијата на коронавирус и неодиграните натпревари на „Камп Ноу“.

Според „Марка“, каталонскиот клуб губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на својот стадион. Ова главно вклучува пари што се заработени од билети, така што при одржување на натпревари без гледачи, загубите ќе останат приближно на оваа сума.

Така, Барселона ќе загуби од 20 до 25 милиони евра на крајот на оваа сезона. Затворањето на „Камп Ноу“ доведува до загуби и поради затворањето на музејот на клубот и клупската продавница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.