Фудбалерот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ е блиску до враќање во Јувентус.
– Страните се блиску до договор за изнајмување на 31-годишниот играч за оваа сезона со опција за продолжување на уште една година, објави „Диарио Спорт“.
Клубовите сега ги договараат конечните детали од договорот.
Босанецот се согласи да ја намали платата за 20 проценти, за „бјанко-нерите“ да немаат проблеми со правилата на Серија А и финансискиот фер-плеј.
Пјаниќ во периодот 2016 – 2020 година веќе играше за Јувентус, каде одигра 178 натпревари, постигна 22 гола и направи 41 асистенција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.