Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Лионел Меси во Манчестер сити. Шпанците бараат 280 милиони евра од Британците за 33-годишниот Аргентинец, пренесува „Мирор“.

Барселона е исто така подготвена да разгледа опција со размена на играчи и дополнително плаќање од англискиот клуб.

Претходно Меси и соопшти на Барселона за желбата да си замине. Меѓу кандидатите за негов следен клуб се и Интер, Јувентус и ПСЖ. Меси целата своја досегашна кариера ја помина во Барселона за која дебитираше во 2004 година.

Аргентинецот ја освои „Златната топка“ шест пати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.