Холанѓанецот Роналд Кумен повеќе не е тренер на Барселона.

Каталонскиот клуб ја објави одлуката по поразот на Барселона од Рајо Ваљекано со 1:0.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера – се наведува во соопштението на клубот.

Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои извојува 40 победи.

Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.