Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски на каталонската Влада во борбата против коронавирусот.
Маските се произведени во Кина, а ги донираше кинеската осигурителна компанија „Таипинг“, која е регионален спонзор на Каталонците.
Од „Камп Ноу“ истакнаа дека најголем дел од маските ќе завршат во домови на стари лица, додека клубот преку својата Фондација најави нова помош во наредниот период.
Од пандемијата на коронавирус во Шпанија се заболени преку 72.000 лица, а властите досега регистрираа 5.690 смртни случаи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.