Македонија не успеа да ја воспостави напад против Австрија, немаше доволно креација во нападите, противникот ги искористи своите шанси и победи, разочаран е еден од најдобите наши играчи на мечот против Австрија Енис Барди.

Ова беше добар меч за нас. Сакавме добро да го одиграме овој натпревар, но многу е тешко со најдобрите тука да се бориш. Во одредени моменти бевме многу подобри од нив, но тие подобро ги искористија своите шанси и дојдоа до победата. Среќен сум што тука, мислам дека екипата е жива и даваме се што можеме, играме од срце. Имаме уште два натпревари, сега треба да анализираме каде ни се грешките, вели Барди.

Одморот и анализа на натпреварот ќе ги даде одговорите каде се грешките на нашите момци кои Австрија успеа да ги казни, смета Барди.

Сега треба да се одмориме добро, да видиме каде ни се грешките, бидејќи секој противник ги анализира натпреварите и гледа каде ни се грешките.  Да ги одмориме главите и телата и против Украина одиме да дадеме повеќе од ова сега. Уште малку ни фали во нападот да бидеме поопасни. Треба да уживаме во секој момент тука.

Барди ја искористи можноста да им се заблагодари на навивачите за поддршката што ја добивал додека боледуваше од ковид, но и за нивното присуство на трибините.

Бев позитивен на корона десетина дена, но во тој период добив голема поддршка, го користам овој момент да им се заблагодарам на сите. Навивачите ни се 12. играч. Им благодарам што се тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.