Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Челси, Михаел Балак верува дека Жозе Мурињо ќе се вклопи одлично во баварскиот тим. Тој играше под раководство на Португалецот на „Стемфорд бриџ“.

„Специјалниот“ се поврзува со најуспешниот германски клуб, а сегашниот тренер Нико Ковач се чини дека е на излезна врата.

Зошто да не? Жозе Мурињо не е само едно големо име, туку има долгогодишно искуство и вештина да освојува трофеи. Мурињо ќе даде сјај на Баерн и на Бундеслигата, без сомнение. Клубот и лигата ќе ја кренат вредноста на меѓународно ниво. Со тренер како него е полесно да привлечеш големи ѕвезди. Во моментов Бундеслигата не е толку привлечна за најголемите играчи, изјави Балак за „Билд“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.