Македонската фудбалска бајка продолжува. Нова победа против Естонија од 2-1 за продолжување на шансите да се искачиме погоре во Лигата на нации и да се надеваме дека ќе играме и на СП во Катар.

Македонија на овој меч не беше стандардна и без најголемата ѕвезда Пандев кој се врати во Италија. Но, и овој комбиниран тим играше добро, создаваше шанси. Стрелци беа Влатко Стојановски и Тричковски.

Сега нè очекува уште еден меч со Ерменија нагости во среда и следува репрезентативна пауза.

Во декември ја имаме ждрепката за квалификациите за СП во Катар и се надеваме на поволна група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.