Баерн Минхен по засилувањето на дефанзивната линија со Павард и Лукас Хернандез тргнува и по Марк Рока, играчот за врска на Еспањол и на младинската шпанска репрезентација.

Тој има само 22 години и планирано е да биде поддршка на Тијаго Алкантра, Чави Мартинез, Џошуа Кимих и Флорентин Толисо во средниот ред.

Рока има откупна клаузула од 40 милиони евра, а Еспањол соопшти дека нема да прави проблем за да го пушти својот фудбалер во било кој клуб што ќе ја понуди таа сума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.