Екипата на Баерн Минхен, со освојувањето на својата шеста титула во Лигата на шампионите, го зема приматот од Реал Мадрид како клуб со најфисок коефициент на УЕФА.
Баварците ја прекинаа доминацијата што „кралскиот клуб“ ја имаше во изминатиот период и сега го предводат клупското рангирање со 136.000 поени. Зад нив остануваат Реал Мадрид (134.000), Барселона (128.000) и Атлетико Мадрид (127.000).
Потоа следуваат Јувентус (117.000), Манчестер сити (116.000), па поразениот во финалето на Лигата на шампионите, ПСЖ (113.000).
Веднаш зад парижаните, на оваа ранг-листа се наоѓа Севилја (102.000), која како освојувач на Европа лигата ќе му се спротивстави на Баерн во европскиот Супер куп.
Првата десетка на најуспешните европски клубови ја заокружуваат англиските великани, Манчестер јунајтед (100.000) и Ливерпул (99.000).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.