Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен, излезе како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер.
Младиот напаѓач потврди дека планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок затоа што сака да игра за клуб кој се натпреварува во Лигата на шампиони и кој има реални шанси да ја освои шампионската титула во Бундес лигата.
Иако нема официјална информација од клубот, германските медиуми се убедени дека трансферот е договорен и дека Лајпциг од продажбата на репрезентативецот на Германија очекува заработувачка не помала од 45 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.