Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ги казнува своите фудбалери со 50.000 евра ако некој од нив биде фатен да вози автомобил што не е од палетата на „Ауди“.

Автомобилскиот гигант има спонзорски договори и со Реал Мадрид и со Барселона и нивните играчи се придржуваат до упатствата и возат производи на спонзорот што не е случај кај Баварците.

„Билд“ пишува дека Роберт Левандовски низ Баварија се развозува со „бентли“, Суле во „ферари“, а Боатенг во „мерцедес“. Затоа и казните што неодамна ги најави спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен има спонзорски договор со „Ауди“ од 2006 година. Компанија, патем, е сопственик на осум отсто од акциите во клубот во кој насочува и огромна сума на финансиски средства. Како последица на тоа, фудбалерите добија автомобили од „Ауди“ и должни се да ги возат, но голем дел од нив не се придржува до клупските препораки, па оттука и најавените казни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.