Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со 6:0 како гостин на натпреваро од 24 коло на германската Бундеслига, одигран на „ПреЗеро арената“.

Провокациите од навивачите на Баерн до шефот на Хофе, Дитмар Хоп во второто полувреме, сепак, ја расипаа атмосферата на натпреварот и тој беше двапати прекинат.

Момчињата на Ханси Флик направија летечки старт со водство од два гола до седмата минута, а набргу по одигрувањето на половина час, нивната предност веќе беше 4 гола. До средината на вториот дел, сè беше веќе решено, но потоа се појавија навредливите транспаренти од трибините, по кои средбата беше прекината.

Шампионите покажаа дека можат да се снајдат без нивниот прв стрелец, Роберт Левандовски, кој ќе се врати за еден месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.