Баерн синоќа на гостински терен го совлада Бремер во 1/32 финалето на Купот на Германија со 12:0. Клубот од Минхен ја оствари втората најголема победа во официјалните натпревари од 1965 година, кога тимот се приклучи на Бундеслигата.

Најголемата победа на Баерн останува натпреварот против Валдберг во Купот на Германија – 16:1.

За потсетување, во 2019 година Баерн Минхен го победи Ротах-Егерн во пријателски натпревар со резултат 23:0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.