Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, може да се врати во Германија во текот на летото. Баерн ги започна преговорите со 46-годишен сфудбалски стручњак, разговарајќи за неговото евентуално назначување на функцијата главен тренер на тимот следната сезона, пренесува „Скај спорт Дојчланд“.
Екс-тренерот на Борусија Дортмунд е еден од главните кандидати за позицијата нов тренер на Баварците.
Во ноември минатата година, клубот од Минхен го разреши Нико Ковач и го назначи Ханс-Дитер Флик за в.д. тренер до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.