Супер модерен стадион, супермодерно здание кое вчера во Бачка Топола, место на северот на Р. Србија, беше и официјално пуштен во употреба. Според многумина ова е најмодерниот стадион на овие простори. Иако капацитетот на трибините е само 4.500, сепак за градче како што е Бачка Топола која има 15.000 жители и ова е доволно. Вчера беше пуштен во употреба со пријателската средба меѓу ТСЦ Бачка Топола и славниот унгарски клуб Ференцварош.
Изградбата почна пред четири години, инаку станува збор за спортски комплекс од највисока категорија, по урнек на најголемите и најубавите стадиони во светот.
Се она што може да се види на тој стадион е само сон на било кој наш клуб. Ние можеме само да сонуваме за ваков објект вреден 15 милиони евра.
Во него има и хотел, спа центар, теретани и уште многу, многу други содржини, се разбира сите наменски изградени за развој на клуб каков што е ТСЦ Бачка Топола кој во последно време се вивна во врвот на српскиот фудбал, а играше и на евро – сцената.
Да не говориме за медија – центарот, соблекувалните, столчињата за гледачите, рестораните, тоалетите и останатото, се е суперлуксузно и супермодерно.
Како врв на сето ова овој комплекс има свои топлотни пумпи и соларни панели, се со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија.
А жителите на Бачка Топола се горди, велат дека Ц. Ѕвезда и Партизан не им се веќе нивно ниво.
Веројатно се во право.
Radovi u toku i na samom terenu! 🏟💪
Magán a pályán is folynak a munkálatok! ⚽🦁#fktsc pic.twitter.com/GmEtw9Q9AF
— FK TSC (@FK_TSC) April 13, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.