Офанзивниот играч за врска на Челси, Еден Азар повторно зборуваше за евентуалниот негов трансфер во Реал Мадрид, со што ги разгоре шпекулациите за неговата преселба во Мадрид. По Мундијалот, Белгиецот изјави дека неговиот сон е еден ден да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Неодамна преговаравме со Челзи, но тоа заврши. Сега чекаме, изјавил Азар за француско радио.

Запрашан за неговата иднина, тој одговорил:

Сè уште не знам ништо. Не сакам да жалам за ништо на крајот од мојата кариера. Ова е важна одлука за мене, што треба да направам. Знаете дека секогаш сум го сакал Реал Мадрид, дури и пред Зинедин Зидан. Ќе видиме што ќе се случи, додал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.