На десетина македонски навивачи, кои со автомобили отпатувале во Амстердам да го следат дуелот од Европското фудбалско првенство помеѓу репрезентации на Холандија и Македонија, им биле обиени и ограбени автомобилите додека тие биле на стадионот.
Како што објави „Охрид Њуз“, украдени им биле лични документи, разни предмети и добра, како и поголема сума пари.
Македонските фанови се разочарани од односот на домаќините, но и од тамошната полиција, за која велат дека дошла на местото на настанот дури два часа по пријавувањето на инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.