Автобусот со играчите на Барселона синоќа по поразот од 4-0 од Ливерпул во вториот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите заминал на аеродромот без напаѓачот Лионел Меси, објави „Метро“.

Аргентинецот морал да остане на „Енфилд“ затоа што бил избран да оди на тест за допинг. Постапката траела подолго време, така што било одлучено да не се чека Меси.

Кога играчот завршил со тестот, бил однесен индивидуално до аеродромот, а поминувајќи во „микс“ зоната, Меси не застанал да даде изјава за новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.