Манчестер јунајтед во саботата го победи Ватфорд со 2-1, но фудбалерите не славеле во соблекувалната по мечот. Тренерот Оле Гунар Солскјер изјавил дека во соблекувалната било „како на погреб“, бидејќи играчите не биле задоволни од настапот и покрај победата.
Чувството во соблекувалната по победата беше исто како на погреб. Сите седеа и беше многу тивко, сите беа разочарани од она што го прикажавме на теренот, истакнал Солскјер.
Победивме и ги освоивме трите бода. Но играчите знаат дека одиграа под своето ниво, што е добро бидејќи сакате играчите да се искрени кон себе. Знаеме дека можеме да играме многу подобро. Дел од фудбалерите имаа проблеми со повреди во изминатиот период, па се надеваме дека ќе бидеме посвежи за дуелот во вторник против Волвс, додал Норвежанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.