Атлетико Мадрид загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со што на барселона целосно и ја препушти конторлата во борбата за титулата во шпанското првенство. Каталонците во моментов се на третото место, но со победа во заостанатиот натпревар против Гранада ќе избијат на чело на табелата.
На дуелот во Билбао, фудбалерите на Атлетико Мадрид наидоа на навистина расположен противник. Беренгер го отвори резутлатот во 8. минута по една фантастична контра на домаќините. Билбао беше подобар во првиот дел и преку контри создаде уште една стопроцентна шанса за гол, но потоа во вториот дел Атлетико се врати во игра.
Тренерот на мадридскиот тим, Диего Симеоне направи пет измени и тоа вроди со плод бидејќи Савиќ израмни на 1:1 во 77. минута, но погодокот со глава на стоперот не се покажа како доволен за освојување на важен бод во битката за титулата.
Атлетик одново ја презема иницијативата по примениот гол, па Ињиго Мартинез погоди за 2:1 во 86. минута, откако непречен од никого силно заби со глава од непосредна близина.
На пет кола до крајот, Атлетико има два бода повеќе од Реал Мадрид и Барселона, но каталонскиот гигант има натпревар помалку, што значи дека ја има контролата во свои раце и зависи само од своите резултати до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.