Фудбалерите на Атлетико Мадрид, по пауза од седум години, ја освоија шампионската титула во Ла Лига.
„Јорганџиите“ во последното коло во кое влегоа како лидери на табелата, како гости славеа против Ваљадолид со 2:1 го совладаа со што ја задржаа предноста од два бода што ја имаа пред Реал Мадрид.
До триумфот што им ја донесе титулата црвено-белите дојдоа со преврт, откако Ваљадолид поведе во 18 минута. Стрелци на головите за Атлетико беа Анхел Кореа во 57 и Луис Суарез во 67 година.
Реал Мадрид исто така славеше со пресврт против Виљареал, но тоа не беше доволно за 2кралевите“ да ја одбранат титулата. На натпреварот во Мадрид, Виљареал дојде во водство во 20 минута преку Јереми Пино во 20 минута, додека Реал стигна до победата во финишот со головите на Карим бензема (86) и Лука Модриќ (91 минута).
Со оваа победа, Атлетико Мадрид дојде до 11. шампионска титула во клупската историја, а втора откако тренер е Диего Симеоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.