Шпанскиот фудбалер Алваро Мората е на излезна врата од „Стемфорд бриџ“, a тренерот на „сините“, Маурицио Сари веќе подолго време бара нов напаѓач. За него интерес веќе пројавија неколку клубови меѓу кои се споменуваа Севилја и Милан, но „Индепенднт“ најави дека најконкретни во моментов се Диего Симеоне и Атлетико Мадрид, кои бараат нов напаѓач кој ќе му обезбеди поддршка на Диего Коста.
Според медиумите на Островот, Челси е подготвен уште месецов да се ослободи од Мората, но примарна цел на Сари е да го доведе Игуаин од Милан, а „план Б“ за „сините“ е Калум Вилсон од Бормут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.