Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев синоќа одигра одлични шеесетина минути против Наполи, а неговата Џенова остана непоразена (1-1) на тешкото гостување и покрај тоа што еден час играше со фудбалер помалку.
Наполи прв дојде во водство преку Дрис Мертенс во 34. минута, изедначи Дарко Лазовиќ на асистенција од Пандев во третата минута од судиското надополнување на првиот дел.
Наполи со 64 бода се наоѓа на второто место на табелата во Серија А, 20 помалку од лидерот Јувентус на кого за да ја завери титулата му треба само бод во последните седум кола.
Џенова е на 14. позиција во Серија А со освоени 34 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.