Oткако Њукасл официјално објави дека Рафаел Бенитез го напушта клубот на крајот на месецот, на Островот веќе се појавија имињата на фаворитите кои можат да го наследат Шпанецот на „Сент Џејмс Парк“.
Според букмејкерите, најверојатен иден менаџер на „страчките“ е актуелниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити – Микел Артета.
Шпанецот пред извесно време беше поврзуван и за наследник на Арсен Венгер во Арсенал,но на крајот, сепак, решил да остане во Сити. По Артета, како можни менаџери на Њукасл се споменуваат имињата на Жозе Мурињо, Алан Пердју и Крис Хатон.
Њукасл објави дека процесот на наоѓање на нов менаџер почнува веднаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.