Предводникот на фудбалската селекција на „гаучосите”, Лионел Скалони завршил во болница откако утрово бил удрен од автомобил додека возел велосипед на Мајорка. Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, инцидентот се случил на паркинг просторот на престижното училиште Агора Порталс, во близина на домот на Скалони.

Селекторот на Аргентина бил удрен додека автомбил се враќал наназад, а возачот не забележал дека поминува велосипед.

Скалони веднаш бил пренесен во болница, имал неколку рани на главата и рацете, но за среќа не заработил посериозни повреди, па откако му била укажана помош, бил пуштен на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.