Репрезентацијата на Аргентина ја победи Колумбија во второто полуфинале од Копа Америка. До пласман во финалето, Аргентинците дојдоа по изведувањето пенали, откако во регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник 1:1.
Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во седмата минута по асистенција од Лионел Меси, а за Колумбија изедначи Луис Дијаз по еден час игра.
Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три, а Колумбијците два гола.
Аргентина во финалето на 11 јули ќе игра против домаќинот на турнирот Бразил, додека ден претходно, Колумбија за третото место ќе игра со Перу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.