Колумбија како првопласирана и Аргентина која заврши на втората позиција во групата Б ќе играат во четвртфиналето на Копа Америка. Двете селекции ноќеска забележаа победи и ја оправдаа фаворитската улога.
Аргентина во Порто Алегре го совлада Катар со 2-0. Головите ги постигнаа Мартизнез и Агуеро.
На дуелот во Салвадор, Колумбија благодарение на Гуелар го совлада Парагвај со 1-0.
Конечен пласман во Б-групата: Колумбија 9 бода, Аргентина 4, Парагвај 2, Катар 1.
Вечерва во 1 часот по полноќ се играат последните натпревари од групната фаза во Ц-групата:
Чиле – Уругвај и Еквадор – Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.