Сите фудбалски активности во Аргентина се суспендирани во следните девет денови, поради воведувањето карантин во поголемиот дел од државата поради пандемијата на Ковид-19.
Аргентинската фудбалска федерација се одлучи на таков чекор три недели пред Копа Америка, што почнува во земјата на 13 јуни.
Од одлуката на аргентински власти се изземени само натпреварите кои идната недела ќе се играат во рамки на Копа Либертадорес.
Во овој момент кога нашата земја мора да се потруди да ја стави под контрола оваа вознемирувачка пандемија од која сите сме погодени, Федерацијата и фудбалот мораат уште еднаш да ги следат властите и да ги суспендираат сите натпревари во следните девет денови – соопштија од Фудбалската федерација на Аргентина.
Аргентина дневно во просек бележи околу 35.000 новозаразени со корона вирус, а како последица на Ковид-19 во Аргентина досега починаа 73.000 луѓе.
Карантинот во високоризичните региони во Аргентина ќе биде воведен в сабота и ќе трае до 31 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.