Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте, денеска треба официјално да биде назначен за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Конте на клупата на Тотенхем ќе го замени Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој доби отказ поради слабите резултати.

Како што објавија италијанските медиуми, Конте и Тотенхем ќе потпишат договор за соработка до 2023 година.

Според истите извори, двете страни веќе постигнале вербален договор со кој Конте се враќа во Премиер лигата каде што од 2016 до 2018 година седеше на клупата на Челзи. Конте (52) со клубот од „Стемфорд бриџ“ ја освои шампионската титула (2026/17) и трофејот во ФА купот следната сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.