Довчерашниот тренер на Интер и поранешен тренер на Јувентус и на италијанската репрезентација, Антонио Конте, има понуда да ја промени професионалната активност.

„Скај Спорт Италија“ го поканила 51-годишниот фудбалски стручњак да стане коментатор-експерт на нивниот канал. Преговорите се во напредна фаза.

Конте, кој е заинтересиран за предлогот, се очекува да работи за натпреварите од Лигата на шампионите.

Конте летово го напушти Интер, откако на „нероаѕурите“ им донесе шампионска титула по пауза од 11 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.