Ширењето на новата мутација на корона вирусот и крајно заострените мерки за патување од и кон Велика Британија мотивирани од тоа ширење, предизвикуваат огромни проблеми за УЕФА и за организацијата на осминафиналните натпревари од Лигата на Шампионите и Европа Лигата.
Првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа меѓу Бенфика и Арсенал закажан за 18 февруари, наместо во Лисабон ќе биде одигран во Рим, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на извори во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Одлуката натпреварот да биде одигран на неутрален терен се должи на ригорозните анти-ковид мерки што се на сила во Велика Британија и предвидуваат задолжителен карантин за сите, кои влегуваат во земјата од Португалија, објави британската телевизија „Скај“.
Преместен е и првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа (ЛЕ) меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед, кој наместо во Сан Себастијан ќе се игра во Торино. Натпреварот ќе се игра на стадионот на Јувентус на 18 февруари, во закажаниот термин од 18:55 часот.
Дуелот е преместен поради забраната на шпанските власти за влез во земјата од Велика Британија, освен за лица, кои се државјани на Шпанија и Андора.
Забраната е продолжена до 2 март со што е загрозено и одигрувањето на шпанскa почва на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Челзи, што треба да се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ на 23 февруари.
УЕФА претходно ги премести натпреарите од Лигата на шампиони меѓу Лајпциг и Ливерпул и Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити) да бидат одиграни во Будумпешта, а нова локација е одредена и за мечот од Лига Европа меѓу Молде и Хофенхајм, кои својот прв натпревар ќе го играат во Виљареал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.