Претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ гостувајќи на ФФМ ТВ испраќа порака до македонските фудбалери пред настапот на ЕВРО 2020 со високо подигнати глави да настапат на собирот на најдобрите на Стариот континент, без да се осврнуваат на се што се пишува пред и по натпреварите.
Македонските фудбалери заслужуваат се најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот, вели Антиќ, кој се осврнува и на тој кој му е најомилен меѓу репрезентативците.
Елмас ми е многу драг. Бев вклучен во трансферот на Елиф во Фенербахче. И многу ми е мило што успеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.