Откако светот го обиколија  сликите од плоштадите во Лондон пред финалето на Европското првенство меѓу Англија и Италија, на социјалните мрежи се појавија нови видеа и слики кои го прикажуваат бесот на англиските навивачи.

Се очекува на трибините да има околу 60 илјади навивачи, но пред Вембли излегоа илјадници кои немаат билет. Тие одлучија да го искористат малиот број обезбедувачи и полициски сили на неколку контролни пунктови. Тие физички се судрија со нив во обид да влезат на стадионот, а некои успеаја и во тоа.

Англиските медиуми јавуваат дека тргнале дополнителни полицајци, кои биле испратени пред стадионот за да се смири ситуацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.