Навивачите на англиската фудбалска репрезентација ќе мора да покажат ковид пасоши доколку сакаат да присуствуваат на натпреварите од Европското првенство што ќе се играат на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Сопствениците на влезници од Велика Британија, кои се повозрасни од 11 години, ќе мора да покажат доказ за вакцинација, односно дека примиле две дози од вакцина против корона вирусот најмалку 14 денови пред натпреварот.

Невакцинирани сопственици на билети, за влез на „Вембли“ ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид-19 не постар од 48 часови пред почетокот на натпреварот.

Би-Би-Си пренесува дека сопствениците на билети за натпреварите на Шкотска на „Хемден Парк“ во Глазгов нема да мораат да приложат негативен тест за корона вирус или доказ за вакцинација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.