Денеаска на програмата на Европското првенство во фудбал е едно од најголемите дербија во светскиот фудбал, дуелот меѓу репрезентациите на Англија и Германија, кои се среќаваат на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Сепак, пред овој натпревар, англиските навивачи добија предупредување дека нема да смеат да ја пеат една од своите омилени навивачки песни, зашто во спротивно англиската селекција може да се соочи со дисквалификација од турнирот
Станува збор за песната „Десет германски бомбардери“, која фановите од Англија со децении ја пејат на трибините, особено кога играат против Германија.
Во оваа песна се пее за победата на Военото воздухопловство на Велика Британија и Cеверна Ирска над нацистичка Германија во т.н. „борбата за Британија“ што се водеше над небото на најпознатиот европски остров од 10 јуни до 31 октомври 1940 година.
Како одминуваат строфите на песната, во секоја наредна строфа, бројот на германски бомбардери логично се намалува, па затоа последната, 11. строфа гласи: „Немаше повеќе германски бомбардери во воздухот … затоа што РАФ од Британија ги собори сите“.
Дел од англиските фанови ја пееја песната и на ова Европско првенство, пред да знаат дека ќе се натпреваруваат со Германија во борбата за четвртфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.