Еден Англичанец стана хит на социјалните мрежи со својот твит во кој уште во 2013 година предвиде дека Англија во финалето на ЕУРО 2020 ќе загуби од Италија на пенали.

Станува збор за Камерон, чиј профил на Твитер е „lawseyitfc“ и кој уште на 22 феруари 2013 година точно го предвиде исходот на финалето.

Англија загуби од Италија во финалето на ЕУРО 2020 на пенали. Ништо ново, ништо не се менува – гласи твитот на Камерон.

Овој твиот за многу кратко време доби над 200.000 лајкови и 8.000 коментари, меѓу кои имаше и такви кои го прашаа Камерон дали се обложил дека ЕУРО 2020 ќе има таков расплет као во неговиот твит.

Несреќниот англиски навивач, за време на продолженијата призна дека го направил тоа, но дека се надева дека нема да добие. Тој кажа дека вложил шест фунти, што ќе му донесат добивка од 61 фунта (околу 70 евра).

На таквиот одговор, Камерон доби коментари дека требало да вложи многу повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.