Насилствата на фудбалските терени во Англија во последните неколку децении се навистина реткост.
Но, дека тепачките и инцидентите не се во целост искоренети покажа мечот од Чемпионшип меѓу Астон Вила и Бирмингам.
Анонимен навивач хулиган , се претпоставува дека е симпатизер на Бирмингам влета во теренот и му удри бокс на фудбалерот на Астон Вила Џек Грилиш.
Овој неочекуван инцидент се случил на натпревар во во живо се пренесувал на повеќе телевизии. Сега полицијата откако ќе го идентификува хулиганот, тој ќе добие сигурно ригорозна казна.
Срамниот инцидент се случил во 9 минута од градското дерби, поради што сигурно тимот на Бирмингам ќе биде под истрага на Фудбалската федерација на Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.