Англија ја доби фудбалската војна против Германија, победувајќи ја со 2-0 и елиминирајќи ја од Европското првенство (ЕП). Англија во четвртфиналето ќе игра со победникот од Шведска и Украина.
Во 69. минута Саутгејт го стави во игра Грилиш, а тој ја направи Англија поконкретна.
Шест минути по неговото влегување, тој го проигра Лук Шо кој асистираше до Стерлинг а тој постигна гол за водство од 1-0. Негов трет погодок на ова ЕП.
Брзо потоа следуваше идеална шанса на Томас Милер, кој излезе сам очи во очи со Пикфорд но биеше крај голот.
Таа неискористена шанса брзо беше казнета, во 86. минута по асистенција од Грилиш, Кејн погоди со глава и ги постави конечните 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.