Натпреварот на стадионот Олимпико во Рим го даде и последниот полуфиналист и противникот на Данска.
Тренерот Герет Саутгејт се врати на системот со четворица во дефанзива, решен да избори пласман во полуфиналето. По само четири минути, напаѓачот Хари Кејн доби нафрлена топка од Стерлинг и успеа да го совлада Бушчан и да го отвори резултатот.
Рајс биеше кон голот, но Бушчан со бокс ја одби топката. Англичаните многу поофанзивни во играњето и поседот на топката, делуваше сигурно, наспроти избраниците на Шевченко кои тотално се збунија по примениот гол и усеаја да упатат само еден сериозен удар кон мрежата на Пикфорд.
Само што започна второто полувреме, Сидорчук направи фаул врз Кејн и одбрамбениот играч Хари Мегваер скокна и со глава постигна гол. Три минути подоцна, нов шок за украинците. Трет гол повторно од Хари Кејн и повторно на ист начин. Со нафрлена топка од Шо, Кејн без проблем со удар со глава по трет пат ја затресе украинската мрежа.
Трите гола на англичаните паднаа од акција по левата страна и со глава, а украинците тотално демотивирани во натамошната игра, како да беа свесни дека нема шанси да дојдат до израмнување, а камоли барем да го намалат резултатот. „Гордиот Албион“ е прва репрезентација во историјата на европските првенства која на еден натпревар постигнала три гола со глава.
Кејн имаше можност за хет трик, но на Бушчан му се посреќи да му одбрани удар. Но, не успеа да го спречи Џордан Хендерсон да постигне четврти гол за англичаните и тоа повторно со глава, по изведениот корнер.
До крајот на натпреварот, англичаните тотално се опуштија, знаејќи дека сигурно одат против Данска, а чесите изгубија волја за играње и како да чекаа судијата одвај да отсвири крај на натпреварот.
Англија ќе игра со Данска во среда на 7 јули на стадионот Вембли во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.