Четврт финалниот натпревар од ЕУРО 2020 во кој Англија ја совлада Украина е најгледан телевизиски настан во Англија годинава, објави Би-Би-Си. Од телевизијата наведуваат дека преносот го следеле 20.9 милиони гледачи.
Англија во синоќа на Олимпискиот стадион во Рим ја совлада Украина со 4:0 и за првпат по 1996 година обезбеди пласман во полуфинале на едно Европско првенство.
Последна пречка на Англичаните за пласман во финалето ќе им биде репрезентацијата на Данска.
Натпреварот ќе се игра на 6 јули на лондонски „Вембли“, стадионот на кој Англија последен пат играше финале на големите натпреварувања во кое во 1966 ја совлада Западна Германија и ја освои светската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.