Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски искажа генерално задоволство од првиот пријателски натпревар во подготовките за ЕВРО 2020 кој сосема ја исполна својата цел.

Сакам да се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во посакуван број и благодарам на поддршката која максимално ни ја даваа. Единствено што жалам е што не победивме. Доминиравме во втоторо полувреме и мораше да победиме. Ова е подготвителна фаза и кога се ќе се собере целта за овој натпревар е постигната,  истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата.

Околу исполнетоста на очекувањата од првиот тест дуел.

Австрија и Словенија играат иста формација и затоа ги одбравме. Им благодарам на Словенците што прифатија да играат со нас. До првиот меч со Австрија има време и мислам дека пропустите до тогаш ќе бидат исправени бидејќи немаме право на грешка. Сега не чека меч со Казахстан на кој ќе имаме можност да пробаме и со други фудбалери. Има доволно време да се освежиме до мечот со Австрија и ќе бидеме максимално подготвени за првиот натпревар на ЕВРО 2020,  истакна Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.