Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е задоволен од победата над Израел и освоеното трето место иако жали за загубените бодови на некои претходни дуели.

Македонија го победи Израел со 1-0 и го освои третото место во квалификациите, најдоброто досега.

Ова не беше најлесната група, Полска, Австрија, Изрел и Словенија не се слаби селекции. Ние успеавме да стигнеме до третото место, но јас не сум задоволен. Требаше да ја победиме Словенија во гости, требаше да го победиме Изреал и во првиот меч, требаше дома да не загубиме од Полска, со тие бодови можеби и ќе успеевме да се квалификуваме. Јас сум горд што сум селектор на овие фудбалери и мислам дека тие можат уште многу да дадат за оваа селекција, вели Игор Ангеловски на прес конференцијата по мечот.

Македонија во март го игра полуфиналето од плејофот во Лигата на нации против Косово, ова натпреварување е шансата да дојдеме до историски пласман на Европско првенство.

За плејофот со Косово се надевам дека ќе можеме да сметаме на сите фудбалери, дека нема да ни се случи оваа серија на мечеви со повредени играчи. Но сега добивме и многу нови играчи. Мислам дека ако против Косово бидеме на нашето најдобро ниво имаме големи шанси да се пласираме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.