Македонската фудбалска репрезентација го одработи тренингот во Букурешт, на стадион кој ќе биде наш домаќин на Европското првенство во јуни. На прес-конференцијата во Романија селекторот Игор Ангеловски му посака побрзо закрепнување на романскиот колега, кој е позитивен на ковид 19.
„Поздрав до колегата Радои, се надевам на негативен негов тест и утре да биде со мене на терен“, истакна Ангеловски.
Ние имаме одредени проблеми со повредени фудбалери, но за Македонија е најважно да функционираме како тим, рече селекторот.
Јас како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите. Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре на теренот.
На прашање околу составот и проблемите, Ангеловски кажа:
Македонија има често проблем со повреди и недостатоци, но најважно е што оние кои се тука ќе бидат подготвени за настап.
Ангеловски на прашање околу тоа кој романски фудбалер би го земал во националниот тим на Македонија, одговори „Ѓорѓе Хаџи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.