Неатрактивни, но квалитетни ривали е првичниот коментар на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по ждрепката на групите за новото издание на Лигата на нации во Амстердам.
Досега многупати покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со сите репрезентации. Овој пат добивме неатрактивни ривали, но тоа не значи дека не поседуваат квалитет. Сигурно го имаат. Наша цел и во новата сезона на Лигата на нации останува првото место, рече Ангеловски.
Во сезоната 2020/21 на Лигата на Нации нашата репрезентација ќе игра во втората група на Лигата Ц заедно со Грузија, Естонија и Ерменија.
Меѓутоа, новата сезона во Лигата на нации е во втор план. Приоритет во моментот е финишот од претходното издание. Завршницата е кон крајот на овој месец со плејоф дуелите за пласман на Европското првенство ова лето. Македонската репрезентација на 26 март ќе го дочека Косово во Скопје, а пет дена подоцна, во финалето, ќе гостува кај победничката селекција од второто полуфинале меѓу Грузија и Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.