Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за првите два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020 кои не чекаат против Летонија на 21. март во Скопје и против Словенија на 24. март во Љубљана.

Селекторот Игор Ангеловски за време на денешниот прв собир ја потенцираше уште еднаш цврстата определба да се биде максимално конкурентен низ престојниот квалификациски циклус во желбата за пласман на ЕП.

Добро знаеме што не очекува, тоа е старт на квалификациите за ЕП 2020. На првиот натпревар со Летонија нема да играат Спировски и Тричковски, по консултација со лекарите. Чест е да се работи со овие момци, сега целата јавност од нив бара да се пласираат на ЕП 2020. Ние одиме од натпревар во натпревар. Што се однесува до противникот, имавме доволно време да направиме детална анализа. Се работи за тим составен претежно од домашниот шампионат и ривал доста незгоден при прекините и дуел играта. Мора да внимаваме при тие работи. Не бегаме од улогата на фаворити, сакаме да победуваме против секого. Рано е да говориме за целите во овој циклус. Не би говорел за цели, Македонија има два начина да се избори за ЕП 2020, што е цел и сон на сите. Се надевам дека ќе го оствариме, изјави селекторот Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.