На прес конференцијата селекторот на Македонија, Игор Ангеловски откри дека неговата сопруга водела тешка битка со коронавирусот. Македонија направи чудо, ја победи Германија на нејзин терен со 2-1, нашите фудбалери направија сензација.
По мечот селекторот победата ја посвети на неговата сопруга која пред извесно време водела битка со ковид-19.
„Оваа победа сакам да ја посветам на мојата сопруга која до неодамна водеше со ковид-19 со тешки симптоми во една од приватните болници. Од пред два дена таа е дома, и овој резултат и го посветувам на неа и на моите деца“, откри Игор Ангеловски.
Извор 24Фудбал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.